
Филаделфија Филис повторно го презедоа водството во финалето на МЛБ против Хјустон Астрос, откако во третиот дуел ги совладаа со 7-0.
На мечот, домаќините поентираа само во три периоди, односно во првиот, во вториот и во петтиот ининг.
Сите поени паднаа после хоум-ран, а во листата на поентерите се запишаа Брајс Харпер, Алек Бом, Брендон Марш (+1), Кајл Шварбер (+1) и Рајс Хоскинс.
Четвртиот дуел помеѓу двете екипи ќе биде одигран повторно на ,,Ситизенс Банк Парк” во Филаделфија, вечерва со почеток од 01.03 часот по македонско време.