Екипата на Далас Маверикс (3-4) синоќа го запиша третиот триумф во првите седум средби од сезоната, совладувајќи ги Хјустон Рокетс (2-3) со 100-113.
Тексашките ривали пружија интересен дуел, во кој Далас константно имаше резултатска позитива што се топеше во одредени моменти.
Најзаслужен за победата беше Словенецот Лука Дончиќ со својот прв овосезонски трипл-дабл составен од 33 поени, од 16 скокови и од 11 асистенции.
Кај Рокетс, Тим Хардавеј забележа 30 поени со одлични 8/10 шутеви за тројка, а Џејмс Харден додаде дабл-дабл (21 поен и 10 асистенции).
📸 Bill Baptist/NBAE via Getty Images



