ПСЖ и Манчестер Сити внимателно ја следат ситуацијата околу ѕвездите Лионел Меси и Серхио Рамос кои би можеле да ги добијат без да платат отштета. Договорите на Меси со Барселона и на Рамос со Реал Мадрид истекуваат на 30 јуни.
Рамос е во преговори со Реал Мадрид за продолжување на соработката, но работата е заглавена. Рамос бара поголема плата и договор на две години, а Кралскиот клуб му нуди едногодишен договор со сегашната плата, или двегодишен, но со помала плата од актуелната. Затоа се шират шпекулации дека Рамос налето можеби и ќе си замине.

Меси ги чека изборите за прв човек на Барса на 24-ти јануари и потоа ќе решава за својата иднина. И ПСЖ се спомнува како клуб кој би направил „дрим-тим“ во кој би биле вклучени искусните Меси и Рамос.
Во моментов ниту Меси со Барселона, ниту Рамос со Реал Мадрид не се блиску до договор, а бидејќи тие би си заминале како слободни, нивниот евентуално нов клуб не треба да се грижи околу финансискиот фер плеј.



