
После десетте порази на единаесетте средби во 2023, челниците на Ванкувер Кенакс му врачија отказ на тренерот Брус Будро.
Експресно, Канаѓаните назначија нов менаџер во името на Рик Токет, кој на дебито дојде до триумф од 5-2 над Чикаго Блекхокс, но синоќа загуби од Сиетл Кракен со 6-1.
Во втората третина, Кракен веќе имаа водство од 5-0 со головите на: Оливер Бјоркстранд (х2), Александер Венберг, Џеред МекКен и Еели Толванен.
На осум секунди пред доаѓањето на втората пауза, Конор Гарланд постигна почесен погодок за гостите, а конечниот резултат го постави Рајан Донато во третиот дел.
Во Западната конференција, Ванкувер остана на дванаесеттото место, додека Сиетл се наоѓа на третата позиција.




