
Поради недостатокот на снег, велеслаломот од Гармиш-Партенкирхен, предвиден за претстојниот викенд, беше преместен во Шладминг, Австрија.
Истиот беше одржан по ноќни услови, а како најбрз и после двете серии се покажа Лоик Мејар (2:18,77).
Швајцарскиот скијач се искачи на првото место по вторпат во својата кариера, а славјето на европската држава беше зголемено и со освоената втора позиција на Џино Кавиецел (+0,59).
За Кавиецел, ова беше најдобар досегашен пласман и вкупно трет пиедестал.
Зад швајцарското дуо се пласираше најдобриот домашен претставник, Марко Шварц (+0,89), кој воедно беше и последен со заостаток под една секунда.
Во продолжение, во првите петмина завршија уште Норвежаните Александер Стеен Олсен (+1,29) и Хенрик Кристоферсен (+1,30).