
Во 2017, Сканторп Јунајтед го освои третото место во Лиг 1 и играше во плејофот за влез во Чемпионшип.
Сепак, само пет години подоцна, клубот од Линколншир се наоѓа во ,,црвената” зона на Националната лига и се бори за опстанок во петтата дивизија.
Според навивачите, кои во повеќе наврати правеа бојкот, па дури и прекинуваа натпревари, како главната причина за падот го наведуваат поранешниот сопственик – Питер Сван.
Нивните желби се остварија токму вчера, кога Сван го врачи клубот во рацете на новиот сопственик – Дејвид Хилтон.
Фудбалерите веднаш добија мотивација за игра по промените и во дваесет и деветтото коло го совладаа Халифакс со минимални 0-1.
Херој за Јунајтед беше Камерон Вилсон (14′), кој со вториот овосезонски погодок му го донесе првиот гостински триумф на својот тим после повеќе од една година.
На табелата, со новите три бода, Сканторп го напушти последното и изби на претпоследното место, додека Халифакс остана на шеснаесеттата позиција.