
На единаесеттата трка од тековната сезона на Светскиот куп во биатлон, Јоханес Тингнес Бо дојде до осмата победа во 2022/23.
Имено, денес, Норвежанецот (48:48,4) беше најбрз на втората индивидуална трка на дваесет километри, одржана во Рухполдинг (Германија) и покрај двата промашаи на стрелањето.
Второто место му припадна на неговиот сонародник, Ветле Сјастад Кристијансен (+9,9), кој се искачи на пиедесталот по вторпат сезонава.
Изненадувачки, на третата позиција заврши Хрватот со словенечки пасош, Јаков Фак (+29,3), кој, благодарение на стопроцентниот учинок, го освои првиот подиум после 24 јануари 2021.
Во продолжение, заостаток под една минута остварија уште: Штурла Холм Лагреид (+42,8), Томазо Џакомел (+47,6) и Бенедикт Дол (+56,3).