Четвртото коло од новата сезона, вечерта помеѓу четврток и петок, го отворија две екипи со по три порази во воведните три кола – Њујорк Џетс и Денвер Бронкос.
До првата овосезонска победа стигнаа Бронкос, кои синоќа беа подобри со 28-37.
Џетс изгледаа солидно, посебно во првото полувреме, иако после првите две четвртини губеа со 17-13.
Квотербекот на Џетс, Сем Дарнолд, беше неверојатен при постигнувањето на првиот тачдаун на мечот, поминувајќи ја цела противничка одбрана пред истрчувањето во енд-зоната.
Од друга страна, Џери Џуди го фати првиот тачдаун во својата НФЛ кариера на одличен начин, а освен него, полагање за Бронкос запиша и Мелвин Гордон.
Во третата четвртина, Денвер постигна нови седум поени со одличното фаќање на Тим Патрик.
Последната четвртина донесе нови возбудувања. Имено, квотербекот на Бронкос, Брет Рипин, уфрли две последователни пресечени додавања што резултираа со вкупни десет поени за Џетс и пик-6 за Пјер Десир.
Во тие моменти, Џетс ја преземаа резултатската позитива и поведоа со 28-27.
Сепак, до крајот, Мелвин Гордон уште еднаш поентира за Бронкос и ја однесе победата во Колорадо.
Што се однесува до шутерите, Сем Фикен (Њујорк Џетс) постигна шеснаесет поени, односно еден екстра-поен и пет филд-голови, додека Брендон МекМанус (Денвер Бронкос) погоди три филд-голови и четири екстра-поени за ист број на поени како и Фикен.
Во соработка со НФЛ Македонија



