Екипата на Нешвил Предаторс, синоќа, го запиша првиот шут-аут во сезоната, откако го совлада тимот на Детроит Ред Вингс со 0-2.
Во првите две третини немаше валидни погодоци, а победата на ,,Предаторите” им ја донесоа Филип Форсберг и Еели Толванен со по еден пауер-плеј погодок во третиот период.
Голманот на победничкиот состав, Пека Рине, дојде до својот 23. шут-аут во последните пет години, со одбранетите 24/24 противнички шутеви кон својот гол.
На табелата на Централната дивизија, Нешвил е шести, додека Детроит ја зазема последната позиција.
📸 John Russell/NHLI via Getty Images