Далас Маверикс и Бостон Селтикс се соочија синоќа во еден од деветте натпревари.
После неизвесен меч и неверојатна игра и на двете страни, Маверикс триумфираа со 110-107, со шутот за три во последната секунда на Лука Дончиќ.
Токму Словенецот беше најефикасен играч на мечот со дабл-дабл учинок од 31 поен и од 10 скокови.
Од редовите на Селтикс, Џејлен Браун и Џејсон Тејтум уфрлија 29, односно 28 поени.
На табелата на Западот, со шестата победа на последните седум средби, Далас (15-15) се искачи на деветтата позиција, додека Бостон (15-16) е шести на Истокот.
📸 Tom Pennington/Getty Images