Во романскиот шампионат репрезентативката на Македонија, Елена Ливриниќ постигна на самиот истек на времето гол за конечна победа од 25:24 над екипата на Рапид Букурешт. Инаку Ливриниќ имаше вкупно два гола, но таа е херојот на својот тим со нејзиниот победнички погодок.
Втората македонска интернационалка Елена Ѓорѓиевска беше втор стрелец со 6 гола за тимот на Магура, но сепак беа поразени од силниот тим на ЧСМ Букурешт со резултат од 31:25.



