Иако зелените дресови им носеа среќа на Сиетл Сихокс во првите седум мечеви на кои беа користени, синоќа суеверието не помогна против ЛА Ремс.
Имено, дивизиските ривали од Лос Анџелес триумфираа во Сиетл со 17-26 во рамките на петтото овосезонско коло.
После првото полувреме, Сихокс водеа со минимални 7-3, а главниот збор го имаа одбраните, кои имаа и по едно пресечено додавање.
Во третата четвртина, Ремс постигнаа два тачдауни преку Дарел Хендерсон и преку Тајлер Хигби за пресврт од 7-16.
Токму во овој период се повреди и квотербекот на Сиетл, Расел Вилсон, кој дотогаш имаше 152 јарди со додавање од 11/16 обиди, заедно со еден тачдаун и со еден пресечен пас.
Неговото место го зазеде резервистот Џено Смит, кој постигна тачдаун кон Ди Кеј Меткалф уште во првиот драјв, но во последната минута ја фрли топката во рацете на противничката одбрана, односно на Ник Скот, и им го поклони триумфот на Ремс.
Меткалф беше најдобар поединец во поразениот состав со 5/5 фаќања за 98 јарди и со два постигнати тачдауни – единствени за Сиетл.
Во четвртата четвртина, Сони Мишел истрча во енд-зоната за дополнителни шест поени за Ремс, а шутерот Мет Геј додаде уште еден екстра-поен и еден филд-гол.
Квотербекот од гостинските редови, Метју Стафорд со 25/37 обиди освои 365 јарди со додавање, од кои дури 150, односно 92 беа кон најдобрите фаќачи – Роберт Вудс и Купер Кап.
Во моментот, Ремс, со учинок од 4-1, го држат второто место во НФК, а во истата конференција, Сихокс (2-3) паднаа на единаесеттата позиција.
Во соработка со НФЛ Македонија