Актуелните вицешампиони, Тампа Беј Рејс, го започнаа плејофот со триумф од 5-0 над Бостон Ред Сокс.
Домаќините го отворија мечот со два поени уште во првиот ининг, а во продолжение додадоа по еден поен во секој од непарните периоди.
Одличен меч одигра Ренди Арозарена, кој запиша три поени, еден со хоум-ран и два со трчање.
Освен него, во листата на поентерите се запишаа уште Нелсон Круз и Вандер Франко.
После еден одигран натпревар, Рејс водат со вкупни 1-0 и се на два чекори до пласман во конференциското финале.