
Чикаго Блекхокс дојдоа до третата победа во низа, откако во првиот меч од неделната НХЛ програма ги совладаа Сиетл Кракен.
Имено, за Блекхокс, ова беше прв меѓусебен триумф на домашен терен, добиен со резултат од 5-4.
На мечот, Кракен поведоа со 0-2 после седум минути игра, но до крајот, после три пресврти, домаќините успеаја да дојдат до целосниот ,,плен”.
За Сиетл, во листата на стрелците се запишаа Џеред МекКен, Андре Бураковски, Метју Бениерс и Винс Дан.
На спротивната страна, двапати реализираше Тајлер Џонсон, а по еднаш погодија Џуџар Хаира, Макс Доми и Џејсон Дикинсон.
На табелата на Западната конференција, Чикаго го претекна Сиетл, при што двете екипи ги држат шестото и седмото место.




