Вечерва се игра натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер и Архус од Данска во салата „Боро Чурлевски“ од 20:45 часот. Ова ќе биде прв натпревар од Лигата на Европа за битолчани.
Репрезентативецот Павле Атанасијевиќ во пресрет на натпреварот изјави:
„Се подготвуваме многу добро, јако тренираме. Ја гледавме данската екипа како игра, се поставуваме да играме подобро и мислам дека на крајот од денот ќе издвојуваме победа. Многу добро ни дојдоа овие седум натпревари од домашното првенство, се разигруваме и тоа е многу добро за нас пред европските натпревари“.