
Филаделфија Филис се првите финалисти на тековната МЛБ сезона, откако во полуфиналето ги елиминираа Сан Диего Падрес со вкупни 4-1.
Во петтиот натпревар, Филис славеа на домашен терен со 4-3 и изборија пласман во популарната ,,Светска серија” (финале) за првпат после 2009.
На мечот, Филис стекнаа водство од 2-0 во третиот ининг, губеа со 3-2 после седмиот период, а во осмата деветтина повторно ја вратија предноста на своја страна.
Победоносен за Филаделфија беше хоум-ранот на Брајс Харпер, додека на базите беше Џеј Ти Реалмуто, а пред тоа, во листата на поентерите се запишаа уште Рајс Хоскинс и Кајл Шварбер.
Освен нив, одличен беше и стартниот фрлач, Зек Вилер, кој освои солидни осум страјк-аути.
На спротивната страна, Хуан Сото ја однесе топката на трибините, а по четири бази освоија Џејк Кроненворт и Хозе Азокар.
Во финалето, Филис ќе ги одмерат силите со победникот од дуелот помеѓу Њујорк Јенкис и Хјустон Астрос.




