Дербито, а воедно и увеетирата на 19. коло од англиската Лиг 1, го одиграа Хал и Портсмут.
Двете екипи се наоѓаат при самиот врв на табелата, а Портсмут, со денешната победа од 0-2, го презеде првото место, спуштајќи го Хал на второто.
Иако гостите победија, сепак нивните играчи не постигнаа ниеден погодок. Впрочем, ,,Тигрите” двапати ја затресоа својата мрежа преку Џејкоб Гривс (6′) и Џош Магенис (55′).
Имено, ова беше прв меѓусебен дуел после 27 март 2012, кога Портсмут повторно победи со 2-0, во 29. коло од Чемпионшип.
За Хал, ова е трет последователен пораз и втор на домашен терен, додека ,,Помпи” има четири победи и едно реми на последните пет средби.