Актуелниот европски ракометен првак во женска конкуренција, селекцијата на Франција се пласираше во финалето и ќе се обиде да го одбрани тронот, откако во полуфиналето убедливо со 30:19 на полувреме беше 15:5 ја победи Хрватска.
Во изминативе четири години Франција еднаш беше светски и еднаш европски првак, а против Хрватска ја имаше фаворитската улога. ,,Коцкестите” кои прв пат играат во полуфинале на Европско првенство, немаа сили за уште една сензација.
Во победничките редови по четири голови имаа Деуна Заади, Ниакате, Минко Нзе и Лакрабер, а на спротивната страна по три погодоци запишаа Крсник, Јежиќ и Блажевиќ. На крајот Франција обезбеди место во финалето и ќе го чека подобриот од второто полуфинале помеѓу Норвешка и Данска.