Во дербито на синоќешната НБА програма, Феникс Санс ги поразија Бруклин Нетс со 121-111.
За актуелните вицешампиони, ова беше единаесетта победа во низа, додека Нетс го запишаа петтиот последователен пораз.
Натпреварот беше неизвесен во првите три четвртини, но во четвртиот квартал, домаќините стекнаа удобна предност.
Од победничките редови, дабл-дабл постигна Крис Пол (20 поени и 14 асистенции), а поефикасни од него беа Мајкл Бриџес (27 поени) и Девин Букер (35 поени).
На спротивната страна, најрасположен во офанзивата беше Кајри Ирвинг со 26 кошеви, а по него следуваше Џејмс Харден со 22 поени и со 10 асистенции.
Во Источната конференција, Нетс (29-21) паднаа на шестата позиција, додека Санс (41-9) се убедливо први на Западот.