
Њујорк Ајлендерс дојдоа до првата домашна победа над Отава Сенаторс после 6 ноември 2019, откако синоќа триумфираа со 4-1.
Отава го отвори резултатот со голот на Ник Холден во втората минута, но во останатиот дел од мечот, голманот Илја Сорокин запиша 26 одбрани и не дозволи да биде повторно совладан.
До крајот на првата третина, Ентони Бовилие израмни на 1-1, а во вториот период, Оливер Валстром и Метју Барзал им донесоа предност на домаќините од 3-1.
Конечниот резултат го постави Адам Пелех на дванаесет минути пред крајот на мечот со својот втор овосезонски погодок.
Во Источната конференција, Ајлендерс скокнаа на единаесеттата позиција, додека Сенаторс се наоѓаат четири места подолу.