Екипата на Њујорк Метс дојде до петтата победа во низа, откако синоќа славеше над Аризона Дајамондбекс со 4-2.
Претставниците на Њујорк имаат вкупно седум последователни победи над истиот ривал, кој победи само четири од последните седумнаесет меѓусебни пресметки.
Синоќа, хоум-ран за Дајамондбекс постигна Асдрубал Кабрера, а со трчање, уште еден поен освои Давид Пералта.
Од друга страна, сите поени на Метс беа добиени со освојување на четири бази, а поентери беа Џејмс МекКен, Џејкоб деГром, Пит Алонсо и Франциско Линдор.
На табелата на Националната лига, Њујорк Метс (16-13) скокнаа до третото место, додека Аризона (15-19) ја зазема дванаесеттата позиција.