По серијата од три последователни победи, синоќа, Отава Сенаторс го запишаа првиот пораз, откако загубија со убедливи 6-1 од Калгари Флејмс.
После триесет минути игра, Флејмс веќе имаа капитална предност од 4-0, благодарение на четири различни хокеари: Џони Годро, Микаел Беклунд, Метју Ткачак и Мајкл Стоун.
Веднаш потоа, на голот на Отава застана Филип Густавсон, кој го замени Антон Форсберг.
Точно една минута подоцна, резултатот на 4-1 го намали Џош Норис, кој беше единствен стрелец од гостинскиот состав.
Во третата третина, конечниот резултат го поставија Дилон Дјуб и Марк Џордано.
На табелата на Северната дивизија, двете екипи имаат по 49 поени и ги заземаат петтата и шестата позиција.
Притоа, Калгари има само теоретски шанси за плејоф, додека сезоната на Отава ќе заврши за три дена.