Минатата сезона, тимот на Ентрим избори промоција од втората во првата дивизија на Националната харлинг лига.
Во првото коло, претставниците на регионот Алстер ги одмерија силите со актуелниот вицешампион – Клер.
Накрај, со двата поени во судиското продолжение, Ентрим успеа да ги шокира ривалите и да слави со (1-21) 24-22 (0-22) на ,,Кориган Парк” во Белфаст.
На полувреме, Клер водеше со (1-11) 14-16 (0-16), пред сè поради серијата од 7-0 после десеттата минута.
Најзаслужен за победата на екипата од Северна Ирска беше Киран Кларк, кој имаше учинок од (1-11).
Од неговите соиграчи, хет-трик со поени забележаа уште Килан Молој (0-3) и Нил МекМенус (0-3).
На спротивната страна, најефикасни беа Тони Кели (0-11) и Дејвид Рајди (0-3).
На табелата на групата Б од Првата дивизија, Ентрим има два поени исто како и останатите два победнички состави од првото коло – Вексфорд и Килкени.