По серијата од пет порази, ЛА Кингс дојдоа до пет последователни победи, откако синоќа ги надиграа Ст. Луис Блус со 0-3.
,,Кралевите” од Лос Анџелес постигнаа по еден гол во секоја третина. Двоен стрелец беше Дастин Браун, а еднаш, во првиот период, погоди Габриел Виларди.
Голманот на победничкиот состав, Џонатан Квик, го запиша својот втор овосезонски шут-аут, откако ги одбрани сите противнички шутеви кон својот гол (31/31).
Со новите два поени, Кингс влегоа во плејоф-зоната на четвртото место, додека Ст. Луис падна на втората позиција во Западната дивизија.
📸 Dilip Vishwanat/Getty Images