Синоќа, екипата на Феникс Санс успеа да ја продолжи својата победничка серија на три натпревари, откако им го нанесе вториот врзан пораз на Портланд Трејл Блејзерс со убедливи 132-100.
Санс стекнаа предност уште од стартот, а во второто полувреме, константно имаа двоцифрено водство.
Од победничкиот состав, најпрецизен беше Девин Букер до 34 поени, заедно со Деандре Ејтон, кој додаде уште 19.
Во противничките редови, Демиен Лилард најмногу се истакна со 24 кошеви.
На табелата, Феникс (20-10) е четврти, а Портланд (18-12) – петти во Западната конференција.
📸 Barry Gossage/NBAE via Getty Images