сабота, мај 21, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

(Фото) Тодоров заминува, Македонија ќе бара нов селектор

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
февруари 23, 2021
📁 Кошарка, Спорт

Машката сениорска репрезентација на Македонија не успеа да обезбеди пласман на завршниот турнир од Европското првенство. На последниот турнир во Перм, баравме победа изразена со над десет поени разлика против Естонија.

А под Урал, испадна малку поинаква ситуација. Кога моравме, прво ја победивме Италија, а потоа во мечот на одлука ја победивме и Естонија. Но не со десет, туку со два поени разлика.

Тие осум поени ни пресудија, на крајот на трката останавме зад Италија, Русија и Естонија. Доволно за селекторот Александар Тодоров да направи една првична анализа за овој квалификациски циклус, кој го завршуваме со ефект од две победи и четири порази.

„Ако се осврнеме наназад на овие шест натпревари од овие квалификации, можам да кажам дека има два спротивставени моменти: Едниот разочарувањето поради необезбедувањето пласман на ЕП и вториот огромното задоволство дека бев дел од нешто ново што се создава и што ќе трае во наредните 10-15 години.

Имаме два порази во израмнети, до последните минути, средби со Русија и Италија. Имаме еден крајно лош натпревар со Русија, ама имаме и две победи и едно катастрофално лошо полувреме во Скопје во првиот натпревар во овој циклус нè остави да го гледаме следното ЕП дома“.

„Кога за првпат ја добив понудата за селектор, ми требаше речиси еден месец да одлучам дали сакам да се впуштам во една нова авантура, посебно што првичниот впечаток и мој и на луѓето со кои разговарав, беше дека речиси се минимални шанси за макар и една победа. Сепак, од денешен агол, ако повторно е ноември 2019 година и ја добијам истата таа понуда, сигурен сум дека пак би ја прифатил, бидејќи навистина ми беше задоволство да работам со оваа група на играчи, независно од крајниот резултат.

Запознав десетина млади играчи, кои не само што не ги имав тренирано, а воопшто не ги ни познавав, и сигурен сум дека со нив, но 3-4 години постари, веќе во 2025 година Македонија ќе биде дел од Евробаскетот и тоа не само во улога на аутсајдер“.Тодоров жали што во Перм немаше уште еден голем потенцијал – Андреј Јакимовски, но и повредените играчи како Маслинко и Симоновски:

„Навистина жалам што го загубивме Андреј Јакимовски за овој циклус, сигурен сум дека тука во Перм ќе можеше да ни помогне по 15-20 минути на натпревар. Ни недостасуваа и Маслинко и Симоновски, кои ќе ни дадеа поголема ротација во овој луд циклус на четири средби во пет дена, но тоа е што е“.

Потсетува и на една друга работа селекторот пред враќањето за Скопје, со чартер-летот кој го обезбеди федерацијата, а треба да ги донесе дома, денеска околу 15.50 часот:

„Сите 15 играчи кои беа тука, го дадоа својот максимум. Знаете дека ниту еден од нив не беше принуден да игра за репрезентација под закана од казни и санкции.

Знаете дека четворица од нив одлежаа 14 дена карантин во Естонија само заради желбата да играат за националниот дрес. И тоа се тие нешта што ме прават да сум горд што бев нивен тренер“ – го „заклучува“ циклусот, Тодоров.

Со скор од две победи и четири порази и полоша меѓусебна кош-диференција со Естонија, не обезбедивме пласман на Евробаскетот во 2022 година.

Фото и извор: https://kfsm.mk/

ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Продолжува серијата на Кингс за искачување во плејоф-зоната

Следна вест

Торпедо убедливо надигран од Локомотив Јарослављ

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Македонија Ѓорче Петров го освои Купот на Македонија
Фудбал

Македонија Ѓорче Петров го освои Купот на Македонија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Мај/2022
Стружанката Теодора Дукоска на списокот за Медитеранските игри
Ракомет

Стружанката Теодора Дукоска на списокот за Медитеранските игри

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Мај/2022
Ракомет

Стружаните Костески, Кузманоски, Ѓорговски и Симоноски дел од списокот за Медитеранските игри

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Мај/2022
Одличниот Јевтиќ го продолжи договорот со Бутел
Ракомет

Одличниот Јевтиќ го продолжи договорот со Бутел

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Мај/2022
Следна вест
Торпедо убедливо надигран од Локомотив Јарослављ

Торпедо убедливо надигран од Локомотив Јарослављ

Последно

Македонија Ѓорче Петров го освои Купот на Македонија

Стружанката Теодора Дукоска на списокот за Медитеранските игри

Стружаните Костески, Кузманоски, Ѓорговски и Симоноски дел од списокот за Медитеранските игри

Одличниот Јевтиќ го продолжи договорот со Бутел

Вардар со големо засилување! Потпиша со Дуарте

(Видео) 19 МАЈ 2002- Кометал Ѓорче Петров стана Европски првак

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.