Локомотив Јарослављ ја продолжи губитничката серија на три мечеви, откако денес беше поразен со 4-3 после продолжение од Трактор Чељабинск.
Трактор, иако водеше со 2-0 и со 3-2, успеа да ја прокоцка предноста на две минути пред крајот, ,,поклонувајќи” им еден бод на гостите.
Сепак, од продолжението се играа само осум секунди бидејќи Лукаш Седлак експресно успеа да ја затресе мрежата на Данил Исајев и да ги остави двата поени во Чељабинск.
Освен Седлак, за домаќините стрелаа уште Теему Пулкинен во првата, Томаш Хика во втората и Андреј Стас во третата третина.
На спротивната страна, двоен голгетер за претставниците на Западот беше Артјом Анисимов, а еднаш погоди и Рид Бушер.
Со петтиот врзан триумф, Трактор остана на врвот на Источната конференција, додека Локомотив е седмопласиран на Западот.