За првпат после 2011, Детроит Ред Вингс поврзаа две победи на домашен терен против Сан Хозе Шаркс.
Откако триумфираа со 2-0 на 1 јануари 2020, претставниците на Мичиген синоќа ги добија ,,Ајкулите” со 6-2 и го повторија учинокот од пред една деценија.
Детроит беше подобар тим во текот на натпреварот и уште од тринаесеттата минута ја презеде предноста во свои раце.
Двојни стрелци за победничкиот состав беа Тајлер Бертуци и Пиус Сутер, а по еднаш стрелаа Дилан Ларкин и Роби Фабри во интервал од 72 секунди.
На спротивната страна, по еден погодок постигнаа Џаспер Ветербај и Александер Барабанов, кои намалија на 3-1, односно на 4-2.
Во Западната конференција, Сан Хозе ја држи единаесеттата позиција, додека Детроит е деветтопласиран на Истокот.