
Едмонтон Оилерс влегоа во новата НХЛ сезона со победа од 5-3 над Ванкувер Кенакс.
За Оилерс, ова беше вкупно осми меѓусебен триумф на последните девет средби со истиот ривал.
Заклучно со почетокот на третата третина, Кенакс имаа водство од 0-3, стекнато со головите на Елијас Петерсон, на Џеј Ти Милер и на дебитантот Андреј Кузменко.
Во продолжение, на сцена стапи Конор МекДејвид, кој постигна хет-трик, а по еден гол за комплетирање на пресвртот на домаќините забија Леон Драисаитл и Дарнел Нурс.




