
Во вториот натпревар од меѓусебната четвртфинална серија, Атланта Брејвс ги совладаа Филаделфија Филис со 3-0.
Актуелните шампиони, на овој начин израмнија на вкупни 1-1 и го анулираа поразот од 6-7 во првиот меч.
Синоќа, сите три поени паднаа во шестиот ининг, кога по четири бази освоија Роналд Акуња Џуниор, Дансби Свансон и Мет Олсон.
Освен поентерите, се истакна и стартниот фрлач на домаќините, Кајл Рајт, со шест страјк-аути.