
Екипата на Бристол Сити барем за момент излезе од резултатската криза, која броеше четири порази и едно реми на последните пет средби.
Имено, во заостанатиот меч од деветтото коло на Чемпионшип, популарните ,,Робинс” ја остварија првата домашна победа после 31 август, совладувајќи го Престон со 2-1.
Херој за избраниците на Најџел Пирсон беше Роберт Еткинсон (54′, 90′), кој беше ,,автор” и на двата погодоци.
Од друга страна, привремено израмнување на гостите од Ленкашир им донесе дефанзивецот Ендру Хјуз (82′) на осум минути пред крајот.
На табелата, Престон остана на осмата позиција, додека Бристол Сити изби на единаесеттата позиција со само бод помалку од денешниот ривал.




