По четирите последователни порази, третопласираната екипа во Централната дивизија на Националната лига, Милвоки Бруерс, успеа да ја запише и првата победа.
,,Пиварите” синоќа беа подобри од Синсинати Редс, тимот што е само една позиција зад нив на табелата, со резултат од 4-2.
Бруерс поведоа со 4-0 после четвртиот ининг, а по еден хоум-ран постигнаа Џастин Смоук и Омар Нарваез. За Нарваез, ова беше прв хоум-ран во дресот на Милвоки, откако, во пресрет на сезоната, се пресели од редовите на Сиетл Маринерс.
До крајот, Синсинати само ја преполови предноста на противникот со хоум-раните на Курт Касали и на Еугенио Суарез.



