Њујорк Ајландерс поведоа со 1-0 во четврт-финалето, откако синоќа, по вторпат во низа, ги поразија противниците без примен погодок, односно со резултат од 0-4 беа подобри од Филаделфија Флаерс. Претходниот плејоф ,,шут-аут” го запишаа во клучната победа над Вашингтон Капиталс со ист резултат.
Семјон Варламов е првиот голман во историјата на Њујорк Ајландерс што успеал да поврзи два плејоф натпревари без примен погодок.
Играта во првите две третини беше релативно изедначена, а Ајландерс имаа предност од 0-1 благодарение на голот на Енди Грин.
Во третата третина, тимот од Њујорк постигна уште три погодоци за декласирање на синоќешниот соперник. Стрелци во третиот период беа Жан-Габриел Пажо, Андерс Ли и Девон Тејс.