Екипата на Оклахома Сити Тандер успеа да го израмни вкупниот резултат на 2-2 во осмина-финалната серија против Хјустон Рокетс.
Тандер синоќа славеа со резултат од 117-114 над ,,Ракетите” во релативно изедначен меч.
Најефикасен во победничкиот тим беше Денис Шродер со постигнати триесет поени.
Кај Хјустон, најмногу се истакна Џејмс Харден со дабл-дабл учинок од триесет и два поени и петнаесет асистенции.