
Чикаго Блекхокс ја запишаа втората победа во сезоната, откако ги совладаа Нешвил Предаторс со 2-1 после продолжение.
Двете екипи, во 2021, се соочија вкупно девет пати, од кои Нешвил доби седум меѓусебни дуели.
Синоќа, во осмата минута од втората третина, Брендон Хагел стрелаше за отворање на резултатот, односно за почетно водство од 1-0 за Чикаго.
Неполни две минути подоцна, Александр Карие израмни на 1-1 со својот прв гол сезонава и воедно втор во НХЛ во својата кариера.
Херој на Блекхокс, после дополнителни 37 секунди игра, беше нивниот најдобар стрелец, Алекс ДеБринкат, кој го натера финскиот голман, Јуусе Сарос, да го вади пакот од својата мрежа по вторпат на мечот.
И покрај поразот, Нешвил го држи осмото место во Западната конференција, додека Блекхокс и понатаму ја заземаат последната позиција.