понеделник, септември 25, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

(ВИДЕО) Канзас Сити подобар од Грин Беј во натпревар со дефанзивна доминација

Епов Насе ✏️ Епов Насе
ноември 8, 2021
📁 Останато, Спорт
📸 Jamie Squire/Getty Images

Откако стартниот квотербек на Грин Беј Пекерс, Арон Роџерс, доби позитивен тест на КОВИД-19, неговото место го зазеде пикот од првата рунда во 2020 – Џордан Лав.

Во пресрет на деветтото коло, Пекерс имаа серија од седум врзани победи, но истата беше запрена од Канзас Сити Чифс, кои славеа со 13-7.

Домаќините постигнаа само еден тачдаун во првата четвртина преку Тревис Келси, а останатите поени дојдоа преку шутевите на Харисон Баткер.

На спротивната страна, во четвртиот квартал, Пекерс имаа одличен драјв, започнат од Деванте Адамс, а завршен од Ален Лазард и покрај пресеченото додавање на Ел’Џејриус Снид во меѓувреме.

Најголем трагичар за Грин Беј беше шутерот Мејсон Кросби, кој во првото полувреме промаши два филд-гола.

На своето овосезонско деби, Лав освои 190 јарди од 19/34 прецизни додавања што беше за нијанса подобро од учинокот на неговиот поискусен колега- Патрик Махоумс (166 јарди од 20/37 обиди за додавање).

За Канзас Сити (5-4), ова беше четврта победа над екипите од Националната конференција на исто толку натпревари сезонава, доволна за скок на единаесеттото место во АФК.

Во НФК, Грин Беј (7-2) ја дели втората позиција со ЛА Ремс, веднаш зад првопласираните Аризона Кардиналс (8-1).

Во соработка со НФЛ Македонија

Tags: Американски фудбалГрин Беј ПекерсКанзас СитиНФЛ
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) ,,Предаторите” имаа улога на жртви во вториот триумф на Чикаго

Следна вест

(ВИДЕО) Сибир со победа влезе во репрезентативната пауза

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Ѓорче Петров славеше со фантастични 21. разлика во ЕХФ Купот
Ракомет

Ѓорче Петров славеше со фантастични 21. разлика во ЕХФ Купот

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Сеп/2023
Миовски прв стрелец во Шкотска! Нови два гола за Абердин (ВИДЕО)
Фудбал

(Видео) Фантастичниот Миовски со два гола и асистенција донесе победа

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Сеп/2023
ВО ЖИВО: Пролет – Тиквеш
Ракомет

Струга пружи отпор, бодовите за фаворитот Тиквеш

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Сеп/2023
Алкалоид стигна до третата победа
Ракомет

Алкалоид стигна до третата победа

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Сеп/2023
Следна вест
(ВИДЕО) Сибир со победа влезе во репрезентативната пауза

(ВИДЕО) Сибир со победа влезе во репрезентативната пауза

Последно

Ѓорче Петров славеше со фантастични 21. разлика во ЕХФ Купот

(Видео) Познатите платинести плажи во Барбадос

(Видео) Фантастичниот Миовски со два гола и асистенција донесе победа

Струга пружи отпор, бодовите за фаворитот Тиквеш

Алкалоид стигна до третата победа

ВО ЖИВО: Тиквеш – Струга

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.