
Во 142. издание на Северноирскиот куп, Крусејдерс дојдоа до петтата титула, совладувајќи го Балимена Јунајтед со 2-1 во финалето после продолженија.
Имено, Балимена имаше сè во свои раце уште од стартот, кога доби почетно водство со автоголот на Роби Веир (9′).
Сепак, во 90+3′, Крусејдерс успеаја да изборат реми, откако Џош Рибинсон ја смести топката во противничката мрежа по асистенција на својот голман – Џонатан Тафи.
Во дополнителниот период, номиналните гости покажаа подобра игра и заслужено дојдоа до трофејот со голот на Џонатан МекМареј (120+3′) во завршните мигови пред последниот судиски свиреж.