четврток, мај 26, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

(ВИДЕО) Лутон обезбеди плејоф со комичен гол: Преглед на последното коло од Чемпионшип

Епов Насе ✏️ Епов Насе
мај 7, 2022
📁 Спорт, Фудбал
📸 Twitter: @ LutonTown

Последното четириесет и шесто коло на англискиот Чемпионшип само ја завери ситуацијата на табелата и ги потврди патниците во Премиер лигата, во плејофот и во Лиг 1.

Шампионот Фулам остана на првата позиција и покрај убедливиот пораз од 4-0 на гостувањето кај Шефилд Јунајтед, кој заврши на петтото место со обезбеден плејоф.

Стрелци за момците од ,,Брамал Лејн” беа Морган Гибс-Вајт (10′), Илиман Ндиаје (21′), Сандер Берге (25′) и Енда Стивенс (49′).

Play-offs. Secured. ✅ pic.twitter.com/P57tVQsG5q

— Sheffield United (@SheffieldUnited) May 7, 2022

Во полуфиналето, Шефилд Јунајтед ќе ги одмери силите со Нотингем Форест, кој заврши на четвртото место поради ремито од 1-1 против Хал Сити.

На овој натпревар, головите паднаа во судиското продолжение со тоа што предност на Форест му донесе Бренан Џонсон (90+2′) од пенал, а за ,,Тигрите” израмни Кин Луис-Потер (90+4′).

Со вицешампионскиот наслов и со враќање во ПЛ се закити Барнмут, совладувајќи го Милвол со 1-0, благодарение на Кифер Мур (81′).

Третото место на табелата го освои Хадерсфилд, искористувајќи го ремито на Нотингем и победувајќи го Бристол Сити со 2-0, благодарение на Хари Тофоло (33′) и на Дени Ворд (44′).

Противник во двомечот од доигрувањето на ,,Териерите” ќе им биде Лутон, односно тимот што го совлада Рединг со 1-0.

,,Шеширџиите” дојдоа до победата со комичниот гол на Хари Корник (45+1′), кој итро го надмудри противничкиот голман – Орјан Ниланд.

We love Harry Cornick!💙🧡

GOAL!!!!!

1-0 Luton! pic.twitter.com/Qs0R65pETN

— dianne jolly (@diannejolly1) May 7, 2022

Последното место на табелата го зазеде Барнсли, губејќи од ВБА со 4-0, додека претпоследен беше Дерби Каунти.

Фудбалерите предводени од Вејн Руни се соочија со бројни санкции и со казна од дваесет и еден поен, а во последното коло загубија од Кардиф со 0-1 преку погодокот на Џордан Хјуџил (55′).

Сепак, навивачите ги преполнија трибините на ,,Прајд Парк” и ги испратија своите миленици со громогласен аплауз после натпреварот.

Thank you for your 𝐭𝐫𝐞𝐦𝐞𝐧𝐝𝐨𝐮𝐬 support throughout 2021/22 🐏🖤🤍#DCFC #dcfcfans pic.twitter.com/NVOVmnFRux

— Derby County (@dcfcofficial) May 7, 2022

Како најдобар од трите релегирани тимови заврши Питерборо Јунајтед поради денешниот триумф од 5-0 над Блекпул.

Двоен голгетер за ,,Пош” беше Семи Смодич (62′, 71′), а мрежата на Кристофер Максвел по еднаш ја затресоа Џонсон Кларк-Херис (36′), Џек Мериот (85′) и Џек Тејлор (89′).

Во наредната сезона, во Чемпионшип ќе играат по три екипи од Премиер лигата и од Лиг 1, а засега, познати патници се Норвич, Вотфорд, Виган и Ротерам Јунајтед.

📋 The final standings!#EFL | #SkyBetChampionship pic.twitter.com/BGnwFgZwPQ

— Sky Bet Championship (@SkyBetChamp) May 7, 2022
Tags: англијаФудбалЧемпионшип
ShareTweet
Претходна вест

ВО ЖИВО: Охрид-Еурофарм Пелистер и Тиквеш-Бутел

Следна вест

(ВИДЕО) Потполно лудило: Титулата освоена со два гола во судиските продолженија

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

(ВИДЕО) Мелбурн Сторм се вратија на победничките патеки
Останато

(ВИДЕО) Мелбурн Сторм се вратија на победничките патеки

✏️ Епов Насе
26/Мај/2022
,,Луди” идеи од навивачите на Фејеноорд: Татко и син ја насмеаја спортската јавност
Спорт

,,Луди” идеи од навивачите на Фејеноорд: Татко и син ја насмеаја спортската јавност

✏️ Епов Насе
26/Мај/2022
(ВИДЕО) ,,Пиратите” ја добија серијата против Колорадо Рокис
Останато

(ВИДЕО) ,,Пиратите” ја добија серијата против Колорадо Рокис

✏️ Епов Насе
26/Мај/2022
(ВИДЕО) Колорадо ,,прокоцка” речиси сигурен пласман во полуфиналето
Останато

(ВИДЕО) Колорадо ,,прокоцка” речиси сигурен пласман во полуфиналето

✏️ Епов Насе
26/Мај/2022
Следна вест
(ВИДЕО) Потполно лудило: Титулата освоена со два гола во судиските продолженија

(ВИДЕО) Потполно лудило: Титулата освоена со два гола во судиските продолженија

Последно

(ВИДЕО) Мелбурн Сторм се вратија на победничките патеки

,,Луди” идеи од навивачите на Фејеноорд: Татко и син ја насмеаја спортската јавност

(ВИДЕО) ,,Пиратите” ја добија серијата против Колорадо Рокис

(ВИДЕО) Колорадо ,,прокоцка” речиси сигурен пласман во полуфиналето

(ВИДЕО) Бостон славеше на гостински терен и поведе со 3-2

Вардар против Тиквеш ќе ја прослави титулата

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.