петок, март 24, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

НЕРЕАЛНО: Невозможното стана возможно во последното коло на Лиг 2

Епов Насе ✏️ Епов Насе
мај 7, 2022
📁 Спорт, Фудбал
📸 Harry Trump/Getty Images

Англискиот нисколигашки фудбал ги пишува најубавите бајки, а исто така ги приредува и највозбудливите случувања на теренот. 

Последното коло од Лиг 2 ја донесе најенормната можна неизвесност и одговори многу прашања.

До најголемиот успех во својата историја дојде првиот вегански клуб во светот, Форест Грин Роверс, кој потекнува од местото со пет илјади жители – Неилсворт.

Форест Грин ја освои титулата во четвртата лига на гол-разлика (+31 наспроти +24) во однос на вицешампионот Ексетер, иако имаа ист број на освоени поени.

Во последниот меч, новите прваци одиграа нерешено со 2-2 на гостувањето во Мансфилд, кој  со освоениот бод го загарантира седмото место, односно последното што води во плејофот.

На мечот, Мансфилд двапати стекнуваше водство преку Метју Лонгстаф (17′) и преку Натаниел Џордан Боувери (79′), додека гостите од Глостершир израмнуваа благодарение на Ебу Адамс (64′) и на резервистот од клупата – Џош Марч (81′). 

👑 Congratulations, @FGRFC_Official! 👏#EFL | #SkyBetLeagueTwo pic.twitter.com/VhGDBNAg5j

— Sky Bet League Two (@SkyBetLeagueTwo) May 7, 2022

Второпласираниот Ексетер ја загуби битката за титулата поради фактот дека денес претрпе минимален пораз од Порт Вејл со 0-1, иако доминираше во текот на цел меч.

Победничкиот погодок за Порт Вејл го заби Џејмс Вилсон (36′), а новите три поени беа доволни за неговиот тим да се искачи на петтото место и во плејофот да се соочи со Свиндон.

Свиндон, како денешен ривал го имаше Волсал и го порази со 0-3, откако прецизно стрелаа Хари МекКирди (5′) и Џек Пејн (25′, 45+2′).  

Let’s go attack the Playoffs 💪#STFC 🔴⚪️ pic.twitter.com/StZibXdm16

— Swindon Town FC (@Official_STFC) May 7, 2022

Најголемата драма ја приредија екипите, кои завршија на третото и на четвртото место, односно Бристол Роверс и Нортемптон Таун. 

Нортемптон мораше да се задоволи само со четвртото место и да ја бара шансата за промоција преку доигрувањето, иако запиша победа од 1-3 на гостувањето кај Бероу. 

За популарните „Коблерс“, брзи голови постигнаа Сем Хоскинс (5′, 22′) и Фрејзер Хорсфал (14′), а конечниот резултат го постави Џош Кеј (45′) со кобниот погодок за победничкиот состав.

Имено, Нортемптон отпадна од позицијата што води директно во третиот ранг само поради помал број на дадени погодоци од Бристол Роверс, иако и двете екипи имаа ист број на поени и иста гол-разлика.

Неверојатното сценарио беше изведено на „Меморијал Стадиум“ во Бристол, каде што Роверс го декласираа веќе релегираниот Сканторп Јунајтед со убедливи 7-0 и на пет минути пред крајот му ја „украдоа“ промоцијата на Нортемптон. 

The scenes at full time as Bristol Rovers won 7-0 to get promoted by one goal scored 😍 pic.twitter.com/jtKnECaIg9

— SPORTbible (@sportbible) May 7, 2022

Навивачите не можеа да ги контролираат своите емоции и направија инвазија на теренот што резултираше со неколкуминутен прекин и со закана за можен рестарт на цел натпревар, но сепак, накрај сè се заврши на добар начин за симпатизерите на Бристол Роверс. 

На овој историски натпревар, автогол постигна Оливер Лобли (18′), по двапати во листата на стрелците се запишаа Арон Колинс (63′, 79′) и Ентони Еванс (62′, 76′), а по еднаш реализираа Конер Тејлор (22′) и Елиот Андерсон (85′).

📋 A look at the final standings then!#EFL | #SkyBetLeagueTwo pic.twitter.com/KCrgYoTcLT

— Sky Bet League Two (@SkyBetLeagueTwo) May 7, 2022
Tags: англијаЛиг 2Фудбал
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Потполно лудило: Титулата освоена со два гола во судиските продолженија

Следна вест

ТЕНИСКОТО ЧУДО Алкараз го “среди” и Ѓоковиќ, после Надал

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

(ВИДЕО) Авангард со ,,чистка” до конференциско финале на Истокот
Останато

(ВИДЕО) Авангард со ,,чистка” до конференциско финале на Истокот

✏️ Епов Насе
23/Мар/2023
(ВИДЕО) Карлтон победи актуелен шампион за првпат после тринаесет години
Останато

(ВИДЕО) Карлтон победи актуелен шампион за првпат после тринаесет години

✏️ Епов Насе
23/Мар/2023
(ВИДЕО) Парамата му се реваншира на Пенрит за поразот во финалето
Останато

(ВИДЕО) Парамата му се реваншира на Пенрит за поразот во финалето

✏️ Епов Насе
23/Мар/2023
Познати полуфиналните парови кај дамите  за Ф4 во Купот
Ракомет

Стружанка го пречекува Пелистер (плеј-оф жени)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
23/Мар/2023
Следна вест
ТЕНИСКОТО ЧУДО Алкараз го “среди” и Ѓоковиќ, после  Надал

ТЕНИСКОТО ЧУДО Алкараз го "среди" и Ѓоковиќ, после Надал

Последно

(ВИДЕО) Авангард со ,,чистка” до конференциско финале на Истокот

(ВИДЕО) Карлтон победи актуелен шампион за првпат после тринаесет години

(ВИДЕО) Парамата му се реваншира на Пенрит за поразот во финалето

Стружанка го пречекува Пелистер (плеј-оф жени)

Струга викендов гостува во Неготино (плеј-аут)

Следува дерби за титула!

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.