среда, јануари 27, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

(ВИДЕО) Потполен колапс на Детроит; Тампа Беј во плејоф после 2007

Епов Насе ✏️ Епов Насе
декември 26, 2020
📁 Останато, Спорт

Првиот саботен натпревар од претпоследното коло во тековната НФЛ сезона го одиграа Детроит Лионс и Тампа Беј Баканирс.

Во текот на целиот меч, на теренот ,,постоеше” само еден тим, Тампа Беј, кој накрај триумфираше со убедливи 7-47.

Колапсот на Детроит се случи уште во првата четвртина, кога, поради повреда, стартниот квотербек, Метју Стафорд, го напушти теренот, а наместо него заиграа Чејс Даниел и Дејвид Блаф. Сите тројца освоија вкупно 153 јарди со додавање, проследени со дополнителните 73 јарди освоени од страна на тркачите.

Единствениот тачдаун за Лионс, при резултат од 0-40, го постигна Џамал Ењу по враќање на пант што претставува прв тимски тачдаун од ваков тип после цела година.

За Баканирс, тачдауните ги постигнаа Роб Гронковски (х2), Мајк Еванс (х2), Леонард Фурнет, Крис Годвин и Антонио Браун.

Со двете денешни полагања, Еванс постави нов рекорд во историјата на Баканирс со тринаесет фаќања за тачдаун во една сезона.

На полувремето, Баканирс водеа со 0-34 и освоија вкупно 410 јарди, од кои 348 со додавање. Со сите три категории, денешниот состав на Баканирс испиша клупска историја.

На квотербековската позиција настапи Том Брејди, кој освои 348 јарди со додавање од 22/27 обиди и постигна четири тачдауни. Искусниот играч стигна до бројка од 34 овосезонски тачдауни со додавање што претставува нов рекорд во историјата на Баканирс.

Освен Брејди, во второто полувреме, како квотербек настапи и Блејн Габерт, кој освои 143 јарди со 9/15 обиди и подаде за две полагања.

Со денешната победа, Тампа Беј дојде до учинок од 10-5 и избори пласман во плејофот за првпат после 2007. Од друга страна, надежите за доигрување на Лионс (5-10) пропаднаа уште пред неколку кола.

Tags: Американски фудбалДетроитНФЛТампа Беј
ShareTweet
Претходна вест

ОФИЦИЈАЛНО: Искусниот Ковалчук се враќа во КХЛ

Следна вест

МЗТ Скопје УНИ Банка дојде до првата историска прволигашка победа

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на зимските и на англиски фудбал.

Слични вести

Силекс загуби од силниот Шахтјор, Шкендија со реми во Анталија
Спорт

Силекс загуби од силниот Шахтјор, Шкендија со реми во Анталија

✏️ Предраг Јанчески
27/Јан/2021
Димитријевиќ ,,експлодира” и му донесе триумф на Хувентуд над Монако
Кошарка

Димитријевиќ ,,експлодира” и му донесе триумф на Хувентуд над Монако

✏️ Предраг Јанчески
27/Јан/2021
(Видео) Лукаку и Ибрахимовиќ во конфликт – Ериксен го реши мечот
Спорт

(Видео) Лукаку и Ибрахимовиќ во конфликт – Ериксен го реши мечот

✏️ Предраг Јанчески
27/Јан/2021
Линколн им пркоси на сите квоти: Совладан Портсмут на ,,Фратон Парк”
Спорт

Линколн им пркоси на сите квоти: Совладан Портсмут на ,,Фратон Парк”

✏️ Епов Насе
26/Јан/2021
Следна вест
МЗТ Скопје УНИ Банка дојде до првата историска прволигашка победа

МЗТ Скопје УНИ Банка дојде до првата историска прволигашка победа

Последно

Силекс загуби од силниот Шахтјор, Шкендија со реми во Анталија

Димитријевиќ ,,експлодира” и му донесе триумф на Хувентуд над Монако

(Видео) Лукаку и Ибрахимовиќ во конфликт – Ериксен го реши мечот

Линколн им пркоси на сите квоти: Совладан Портсмут на ,,Фратон Парк”

Џеџу му го нанесе петтиот врзан пораз на Хадерсфилд

ФОТО НА ДЕНОТ – Репрезентативците се вратија дома

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.