петок, јануари 22, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

ОФИЦИЈАЛНО: Искусниот Ковалчук се враќа во КХЛ

Епов Насе ✏️ Епов Насе
декември 26, 2020
📁 Останато, Спорт

37-годишниот руски хокеар, Илја Ковалчук, од денес, официјално стана нов член на Авангард Омск. 

Ковалчук потпиша договор на две години со источниот гигант, кој цели кон својата прва титула во КХЛ.

Имено, Русинот е двократен освојувач на втората најквалитетна лига во светот, откако во 2014/15 и во 2016/17 беше еден од клучните играчи на СКА Ст. Петербург.

Во кариерата, Ковалчук помина шест сезони во КХЛ во дресот на СКА, на коишто имаше вкупно 367 настапи и 370 поени (161 гол и 209 асистенции).

На своите почетоци, Ковалчук играше во неколку други руски екипи како: Спартак Москва, АК Барс Казањ и Атлант Митиши.

Во меѓувреме, освен во Русија, икусниот хокеар ја градеше кариерата и во НХЛ, каде што одигра тринаесет сезони за вкупни 966 натпревари и 904 поени (454 голови и 450 асистенции). Во САД, Ковалчук настапуваше за Атланта Трашерс, за Њу Џерси Девилс и за ЛА Кингс, пред да промени уште две средини во текот на минатата сезона – Монтреал Канадиенс и Вашингтон Капиталс.

Освен на клупско, Ковалчук е успешен и на репрезентативно ниво. Со Русија, во 2002 и во 2018 освои бронза, односно злато на ЗОИ во Солт Лејк Сити и во Сочи. На светските првенства, со истата селекција, има две злата, две сребра и три бронзи.

Tags: Авангард ОмскКовалчукКХЛРусијаХокеј
ShareTweet
Претходна вест

МЗТ Скопје лесно до бодови против Црн Дрим Грин Мобиле

Следна вест

(ВИДЕО) Потполен колапс на Детроит; Тампа Беј во плејоф после 2007

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на зимските и на англиски фудбал.

Слични вести

(ВИДЕО) Логинов прв во Антхолц; Фантастична битка за подиум
Останато

(ВИДЕО) Логинов прв во Антхолц; Фантастична битка за подиум

✏️ Епов Насе
22/Јан/2021
Софија Гоџа го предводеше караванот на спустот во Кран-Монтана
Останато

Софија Гоџа го предводеше караванот на спустот во Кран-Монтана

✏️ Епов Насе
22/Јан/2021
Беат Фојц влезе во историјата на скратениот денешен спуст
Останато

Беат Фојц влезе во историјата на скратениот денешен спуст

✏️ Епов Насе
22/Јан/2021
Филип Лазаров останува во Ратинген кај Аце Јоноски
Ракомет

Филип Лазаров останува во Ратинген кај Аце Јоноски

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Јан/2021
Следна вест
(ВИДЕО) Потполен колапс на Детроит; Тампа Беј во плејоф после 2007

(ВИДЕО) Потполен колапс на Детроит; Тампа Беј во плејоф после 2007

Последно

(ВИДЕО) Логинов прв во Антхолц; Фантастична битка за подиум

Софија Гоџа го предводеше караванот на спустот во Кран-Монтана

Беат Фојц влезе во историјата на скратениот денешен спуст

(Галерија) Запознајте ја Николина најзгодната хрватска одбојкарка

Филип Лазаров останува во Ратинген кај Аце Јоноски

(Видео) Јоце Панов со нова хит песна “Mojот град”

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.