Кошаркарите на Милвоки Бакс синоќа го поразија Мајами Хит со убедливи 97-144.
После средбата, Бакс скокнаа на шестото место на Истокот со половичен учинок од 2-2, додека Мајами падна на единаесеттата позиција со 1-2.
Освен позитивниот резултат, Бакс поставија нов рекорд во историјата на НБА со најмногу погодени тројки на еден меч. Гостите беа прецизни дури 29 пати позади линијата од 7,24 метри со прецизност од 56,9%.
Најефикасни кошаркари од победничкиот состав беа Крис Мидлтон и Џаруд Холидеј со по 25, односно по 24 поени. Од друга страна, кај Мајами, Тајлер Херо (23) беше единствен со над 15 поени.