ЖФК Љуботен не престанува да ја изненадува и воодушевува фудбалската јавност во Македонија, бидејќи во нивниот тим веќе пристигна една бразилска ѕвезда, при тоа се засилија со репрезентативниот голман на Македонија, Магдалена Лекоска и со репрезентативка до У-19., Сања Митревска – Сани.

Сега има нов трансфер во Тетово каде што ново име е Бенвенида Таила Фариас која што своевремено била и репрезентативка на Бразил до У-17, а има настапувано во тимовите на Васко де Гама и е довчерашна членка на Ботафого.

Ова е ново капитално засилување за ЖФК Љуботен и во пролетниот дел од сезоната може да се очекува да играат ултра модерен фудбал, бидејќки младата бразилска фудбалерка игра во средниот ред, а нејзината сонародничка игра во нападот, па пристигнувањето на двете се очекува на 21 јануари 2021 година.







