Будуќност Бемакс за кој што игра македонската репрезентативка Анжелика Митрашиновиќ во рамките на АБА лигата по првиот дел од сезоната се наоѓаат на првото место на табелата со скор од седум победи и само еден пораз.
Во два натпревари по ред Будуќност два пати беа подобри од кошаркарките на Партизан каде што првиот пат триумфираа со резултат од 82:57 и на овој меч репрезентативниот капитен Митрашиновиќ запиша одлични 14 поени, 4 скока, 3 асистенции и една украдена топка.
На вториот меѓусебен натпревар Будуќност Бемакс беа поуспешни со краен резултат од 64:97 во кои што Анжелика Митрашиновиќ запиша зад своето име 7 поени, 5 асистенции, 2 украдени топки и еден скок.
Фото: kfsm.mk



