
Поради Светското фудбалско првенство во Катар, првите две лиги од англиската пирамида се ставени во пауза, но натпреварите од третата лига надолу тераат со полна пареа.
Во првиот меч од деветнаесеттото коло на Лиг 1, Портсмут и Дерби Каунти ремизираа со 0-0 на ,,Фратон Парк”.
За двете екипи, ова беше прв меѓусебен дуел после 2015 и воедно прв во лигата после една деценија.
На средбата, гостите од Источен Мидлендс беа за нијанса поопасни, но не успеаја да ја затресат мрежата на Џошуа Грифитс.
Поделбата на бодовите ги остави двата ривали во плејоф-зоната барем на една ноќ, со тоа што Портсмут го држи петтото, а Дерби – шестото место.