
Ванкувер Кенакс дојдоа до шестата овосезонска победа, откако синоќа ги победија ЛА Кингс со 4-1.
Во втората третина, водство од 2-0 на канадските претставници им донесоа Брок Босер и Елијас Петерсон.
Истите играчи ги постигнаа и наредните два гола за Кенакс, а во меѓувреме, на провизорни 2-1 намали Блејк Лизот.
Во текот на сите шеесет минути, на голот на домашниот тим стоеше Тачер Демко, кој запиша 37/38 одбрани (97,37%).
На табелата на Западната конференција, Ванкувер скокна на тринаесеттата позиција, додека Кингс го заземаат второто место.