Најубедливата победа од синоќешната НБА програма ја остварија Портланд Трејл Блејзерс, кои ги декласираа Оклахома Сити Тандер со 133-85.
Домаќините водеа уште од самиот старт, а во текот на мечот ја градеа својата предност, која во еден миг изнесуваше цели +52.
Дури осум играчи од победничкиот состав имаа двоцифрен број на постигнати поени, а од нив најмногу се истакнаа Си Џеј МекКалум (20), Дамиен Лилард (16) и Анферни Симонс (16).
Турчинот Енес Кантер беше единствен играч на Трејл Блејзерс со дабл-дабл учинок, односно со 12 поени и со 17 скокови.
На спротивната страна, дабл-дабл оствари Мосес Браун (10 кошеви и 14 скокови), а најефикасен беше Кенрич Вилијамс со 18 кошеви.
На табелата на Западната конференција, Портланд (30-19) се наоѓа на шестата позиција, додека Оклахома (20-29) падна на тринаесеттото место.
📸 Sam Forencich/NBAE via Getty Images