Бостон Бруинс и Питсбург Пенгуинс ја отворија синоќешната НХЛ програма со голеадата што заврши со 7-5 во корист на домаќините од Бостон.
Првиот период беше одбележан од Марк Јанковски, кој им донесе почетно водство од 0-1 на ,,Пингвините”.
Втората третина беше вистинска голеада, имајќи го предвид фактот дека после неа, резултатот гласеше 5-3 за Бостон.
Имено, Бруинс направија целосен пресврт во првите 45 секунди после првата пауза, благодарение на Патрис Бержерон и на Давид Пастрнак.
Неполни пет минути подоцна, Џејк Гинцел и Џеред МекКен стрелаа за ново водство на Пенгуинс од 2-3.
Сепак, до завршувањето на вториот период, Бостон успеа да ја врати резултатската позитива на своја страна, откако двоен стрелец беше Бред Маршан, а еднаш погоди Давид Крејчи.
Во третиот дел, двете екипи постигнаа по два погодоци.
Коди Сеси и Сиднеј Кросби поентираа за Пенгуинс, додека Пастрнак и Маршан се запишаа во листата на стрелците по втор, односно по третпат на мечот.
На табелата на Источната дивизија, ситуацијата остана непроменета со тпа што Питсбург е трет, а Бостон ја држи четвртата позиција.
📸 Steve Babineau/NHLI via Getty Images



