На возраст од 43 години, еден од најистакнатите џокеи во историјата, Ричард ‘Дики’ Џонсон, реши да стави крај на својата кариера.
Џонсон е роден на 21 јули 1977 во Херефорд, Англија, а имајќи предвид дека доаѓа од џокејска фамилија, со овој спорт почнал да се бави уште од млада возраст.
Англичанецот во кариерата имаше вкупно 3745 победи, од кои дури 20 се остварени на престижни натпреварувања, вклучувајќи ги Триумф Хардл (х3), Челтенам Голд Куп (х2) и Ириш Голд Куп (х2).
Освен овие достигнувања, Џонсон е и четирикратен национален шампион на Велика Британија (2016, 2017, 2018 и 2019), титула што се доделува на џокејот што јавал најмногу победнички коњи во сезоната.
Исто така, Дики Џонсон ќе остане запаметен и по дуелите со единствениот поуспешен натпреварувач од него во историјата – Северноирецот Ентони МекКој.
📸 Michael Steele/Getty Images