
По четврт пат на последните пет меѓусебни пресметки помеѓу Амур Хабаровск и Торпедо Нижњи Новгород, победникот не беше одлучен после регуларните шеесет минути.
На денешната средба, прва во 2021, Амур славеше над западниот ривал со 4-3 после продолжение.
Во првата третина, двете екипи стрелаа по еднаш преку Иван Чехович (Торпедо), односно преку Владимир Бутузов (Амур).
После тринаесет минути игра во вториот дел, гостите од Нижњи Новгород стекнаа водство од 1-3, благодарение на Кен Агостино и на Теодор Ленстром.
Сепак, со двата погодоци на Александер Горшков, по еден во втората и во третата третина, ,,Тигрите” израмнија на 3-3 и воедно изборија продолжение.
После неполни четири дополнителни минути, победа на Амур му донесе поранешниот дефанзивец на Торпедо, Артјом Алјајев, со дебитантскиот гол во новата средина.
Непосредно по натпреварот, Торпедо беше осми на Западот, а Амур ја заземаше деветтата позиција на Истокот.